Загинаа петмина цивили во руско гранатирање изминатото деноноќие, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.
Како што појасни гувернерот, нападите биле фокусирани на Сијеродоњецк и Попасна, Хирске и Лисичанск.
Русија изминатите недели ги пренасочи своите напади на исток и на југ, откако претходно се обиде да го опколи и заземе главниот град на Украина, Киев.