ГП Евзони привремено затворен за патнички возила
Од 17:00 часот граничниот премин Евзони е блокиран за влез во Република Грција за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци. За излез од Грција ќе има пропуштање само на товарниот сообраќај, додека за патнички моторни возила преминот останува затворен, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Состојба на македонските гранични премини
Од македонска страна, АМСМ информира дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Состојба на патиштата и препораки за возачите
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Возачите се советуваат да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Особено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
