Моите лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) со името „Република Македонија“ се важечки уште неколку години и не мислам да ги менувам, вели Солза Грчева, додавајќи го она што и пошироката јавност постојано го повторува –  Ако некој не ги усогласил на време, нека одговара!

И ќе одговара, вели Грчева, бидејќи г-ѓа Олгица Трајковска им поднела тужби на Заев и Спасовски. Алал да и е.

Во најмала рака, за оние кои ќе решат да ги менуваат, менувањето треба да биде бесплатно, бидејќи им менуваат важечки документи.
Наместо тоа, луѓе со денови се обидуваат да добијат термин (по телефон или електронски) и никој не им одговара.
Нема институции, ниту одговорност во демонтирана држава. Самоволие и собирање пари од сиромаштијава, вели Грчева.