„Wi-Fi onboard“, односно интернет за време на летовите воведува грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, услуга што ќе биде достапна во специјално опремените со новата технологија „Ербас“ авиони, како за домашните, така и за летовите во странство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата соопштија дека преку брзиот интернетот патниците ќе имаат можност да сурфаат на интернет, да проверуваат мејл и сл, но и да гледаат серии, филмови, документарни емисии преку специјалната платформа, а првите десет минути се бесплатни.

Услугата е достапна само во одредени авиони, меѓутоа постепено се опремуваат се повеќе авиони на „Ејџиан ерлајнс“.