Покрај проширувањето на обврската за вакцинација на повеќе професионални категории, се размислува и за воведување на старосни критериуми.
Ова би се однесувало на луѓе постари од 50-55 години кои се професионално активни и кои се со поголема веројатност да бидат хоспитализирани доколку се заразат со вирусот, пренесе грчкиот портал „Катимерини“.
Во исто време, направен е план за пополнување на празнините во персоналот што ќе произлезат од суспензијата на здравствените работници кои одбиваат вакцинација.
Ова подразбира забрзани постапки со тримесечни и шестмесечни договори за вработување.