Паралелно, објасни дека до крајот на мај ќе се отвори платформата за закажување термин за имунизација и за други возрасти, но и дека ќе се постигне имунитет за старосните групи кои веќе се вакцинираат.
– До крајот на мај ќе бидат вакцинирани 70 отсто од нашите сограѓани над 60 години, па така, на крајот на мај еден значаен број ранливи групи, возрасни лица и луѓе кои беа во сериозна опасност, ќе бидат вакцинирани. За овие возрасти 70 отсто е имунитет, објасни Кикиљас.
Министерот за здравство на Грција истакна дека во текот на вчерашниот ден биле спроведени 111.000 вакцинации, а околу 100.000 дневно се очекуваат и во следните денови.
Во однос на здравствените работници, Кикиљас рече дека се вакцинирани над 85 отсто од лекарите, но бројките „сè уште не се задоволителни за медицинските сестри, болничарите и останатиот помошен, административен и технички пресонал“ и затоа подоцна ќе се разгледа можноста вакцинацијата за вработените во болниците и здравствените центри да биде задолжителна.