Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис објави денес, три недели по железничката трагедија која предизвика протести против неговата влада, дека општи избори ќе бидат одржани во мај, не наведувајќи го точниот датум.
„Можам со сигурност да кажам дека изборите ќе бидат одржани во мај“, кажа Мицотакис, лидер на конзервативната Нова демократија во разговор за приватната телевизија Алфа.
Во директниот судир на возовите на 28 февруари настрадаа 57 луѓе, што поттикна бран немири против неговата влада.