„Оставка на Заев по големиот пораз на локалните избори“; „Зоран Заев: Следниот ден во Северна Македонија по оставката – „Не“ за предвремени избор“; „Северна Македонија: Зоран Заев си поднесе оставка“, се дел од насловите во грчките медиуми.

Поголемиот дел го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека во вчерашниот втор круг од локалните избори „партијата на Зоран Заев претрпе голем пораз“ и додава дека „големиот победник на локалните избори беше десничарската опозиција ВМРО-ДПМНЕ“.

-Оставката на Зоран Заев од премиерската функција, сепак не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија. Самиот Заев во изјавата за оставка повтори дека актуелната влада има уште две и пол години за да го заврши својот мандат и треба да продолжи со својата работа, пишува АНА-МПА.

Ги објаснува можните сценарија и додава дека „сигурно е дека од денеска Северна Македонија има Влада во оставка“.