Порака дека Грција нема да дозволи внатрешно – политичката конфронтација во Турција да се претвори во дијалог меѓу двете земји упати портпаролот на грчкото МНР Јоргос Арнаутис, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на неодамнешните изјави на турските функционери, Арнаути истакна дека грчките позиции се познати и постои една разлика во односите со Турција.

 

 

-Нема да дозволиме внатрешно – политичката конфронтација во Турција да се претвори во јавен дијалог меѓу Грција и Турција, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција.

 

Според грчкиот весник „Катимерини“, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу вчера рекол дека во Егејското море постојат острови чиј суверенитет не е утврден.

 

И Турција и Грција се во предизборен период, во пресрет на изборите во Турција на 14 и во Грција на 21 мај. (МИА)