Македонската полиција поднесе кривична пријава против двајца млади Грци кои скриле патник во багажник од „голф“ и така сакале да ја поминат границата.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата од Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државна граница“. На 19.07.2023 на граничен премин „Богородица“, пријавените со патничко возило префрлиле државјанин на Република Грција, прикривајќи го во багажниот простор од возилото, со цел да ја избегне граничната контрола, информираа од полицијата.