Исто како и летните кина, така и овие простори ќе работата со 50 отсто од капацитетот и забрането е стоење на посетителите.
Билетите мора да бидат нумерирани, а меѓу две седишта едно да биде празно.
Одржување на настани на отворено, како што се театарски претстави, концерти, манифестации и сл, но под строги правила и протоколи од денеска е дозволено во Грција, во рамките на постепеното олабавување на мерките, јави дописничката на МИА од Атина.