Министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, најави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата.

– Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“ благодарение на солидарноста и поддршката на владата на Република Грција. Досега пристигнати се 1.220.070 анти-ковид вакцини. Ние сме решени да продолжиме без да застанеме со националниот план за вакцинација, од врата до врата, за да ги заштитиме животот и здравјето на граѓаните. Албанија се насмевнува – објави Манастирлиу на Фејсбук.

Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 20 илјади граѓани а половината од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синовак“ и „Спутник В“.

Според националната стратегија за вакцинирање, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

F