Грција ќе постави челична ограда во должина од 140 километри покрај реката Марица, најави министерот за заштита на граѓаните на земјава.

Такис ​​Теодорикакос за локалната „ТВ Скај“ изјави дека неговото министерство започнало проект за изградба на ограда за да се спречи преминувањето на мигрантите.

Грција во декември објави дека ќе испрати 250 гранични полицајци да ги засилат мерките за патролирање и надзор во областа на реката Марица на турската граница.