Намален рејтингот на СИРИЗА и тесна трка со ПАСОК за втората позиција, владејачката Нова демократија естабилна на првото место, а Мицотакис за половина од анкетираните е најсоодветен за премиер, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „GPO“ за телевизијата „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина.
По изборот на Стефанос Каселакис за лидер на СИРИЗА, 70,6 проценти од анкетираните сметаат дека (сигурно или веројатно) најголемата грчка опозициска партија оди во погрешна насока, додека пак оние кои би гласале за СИРИЗА на следните избори, велат дека партијата е во правилна насока.
Во однос на распоредот на силите, Нова демократија добива 36,6 отсто, 23,7 проценти повеќе од СИРИЗА, која има 12,9 отсто, а потоа следи ПАСОК со 11,9 отсто.
За ситуацијата на Блискиот Исток, речиси девет од десет анкетирани изразуваат загриженост, а 65,4 отсто сметаат дека Грција треба да задржи строго неутрална позиција.