Од надлежното Министерство велат дека станува збор за прва принудна депортација во Бангладеш од 2016 година, а целиот процес се одвивал под координација на Фронтекс.
Во првите единаесет месеци од 2021 година преку механизмите за депортација, враќање и релокација на државјани на трети земји заминале 10.623 лица или во Европа или во трети земји, а во Грција пристигнале 8.031 бегалци и мигранти.
Министерот за имиграција и азил на Грција, Нотис Митаракис истакна дека „Грција спроведува строга, но правична миграциска политика и ги депортира сите оние кои немаат право на меѓународна заштита“.
– Денеска е важен ден во соработка со Фронтекс, по пет години повторно почнавме со задолжителни депортации во Бангладеш. Оваа година нашата земја ја напуштија вкупно 10.623 државјани на трети земји. Односно, повеќе од оние кои нелегално стигнаа во нашата земја, додаде Митаракис.