На 19.02.2023 околу 21.30 часот на улица „Душко Поповиќ“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода З.С.(47) од гостиварско Чегране.

Тој се сомничи дека извршил две тешки кражби во куќи во населбата Дутлок, при што одзел повеќе предмети.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.