Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во Атина се состана со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, на разговори со цел дополнително зајакнување на врските во услови на тековни тензии во источниот Медитеран. Грчките власти соопштија дека разговорите се фокусирале врз економијата, инвестициите и одбраната.
Атина бара поблиски врски и воена соработка со Саудиска Арабија и други регионални сили, вклучувајќи ги Израел и Египет, бидејќи нејзините односи со соседот Турција остануваат затегнати поради долготрајните спорови за границите на Медитеранот. За време на заедничката изјава, Дендиас рече дека Турција да ја докаже својата посветеност на меѓународното право. Грција го задржува правото да ги прошири своите територијални води од сегашните шест на 12 наутички милји околу нејзините острови. Турција долго време вели дека ќе го смета овој потег – кој ќе го блокира нејзиниот пристап до Егејот – како причина за војна.