Грчката Влада изразила задоволство за постигнатиот договор меѓу Турција и Шведска и Финска за членството на НАТО, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Истите извори потенцирале дека договорот „не влијае на грчката страна, ниту на односите на ЕУ со Турција“, дека интеграцијата на Финска и Шведска во НАТО „го зајакнува европскиот простор во Алијансата и ја зајакнува позицијата на Грција“, но и дека преговорите на турскиот претседател за членството на двете земји на траеле долг временски период.
Официјална Атина уште од прв момент ја поздрави одлуката за членство на Шведска и Финска во НАТО и изрази поддршка за интеграцијата.