60-годишен грчки државјанин кој работел во Скопје бил пронајден мртов во станот во кој престојувал, соопшти МВР.

„На 30.03.2023 околу 11.55 часот во Полициска станица Карпош, И.С. од Скопје пријавил дека во стан на подрачје на Карпош, го пронашол неговиот колега А.Т.(60) од Р.Грција, кој престојувал во станот, паднат на подот без знаци на живот. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство“, се вели во полициското соопштениe.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.