Кошаркарите на Партизан вечерва ќе имаат шанса да обзбедат место на Ф4 во Евролига, го играат четвртиот меч против Реал Мадрид на домашен терен. Оваа средба ќе се одигра под поинакви околности, по случувањата во главниот град. 13 -годишен ученик усмрти девет особи од кои осум ученици, а рани уште седум, пренесува Спортмедиа.

Во Србија е прогласена тридневна жалост, а пред мечот навивачите на Партизан излегоа со став за мечот со Реал. Тие нема да навиваат во текот на првите две четвртини.

„Достоинствено ќе го проследиме денешниот натпревар во согласност со трагедијата што ја погоди нашата земја. Сметаме дека никој не е подготвен за песна и преголема прослава, која во овој момент би била крајно невкусна. Според тоа, одлучивме дека првото полувреме ќе помине без организирано навивање Свесни за трагичниот момент за нашата нација и важноста за нашиот клуб, ќе дадеме се од себе да најдеме средина. Да ја наполниме Арената до последното столче, да бидеме со играчите и клубот покажете ја нашата почит кон невините жртви. Бараме секој што сака и е во можност да присуствува на натпреварот да донесе цвеќе. Со оглед на тоа што нема да има препознатлива песна на почетокот на натпреварот СИТЕ ќе ги кренеме шаловите и цвеќињата во целосна тишина. Со оваа слика сакаме да изразиме сочувство и поддршка за семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагедијата. Достоинствено и чесно, затоа што ние сме Партизан“, се вели во соопштението на „Гробари“.

Мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.