Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните.
– Брзото и успешно затварање на спорот меѓу двете земји беше една од дискутираните теми на оваа средба помеѓу Груби и Ангелов, со цел да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, соопштија од Кабинетот на првиот вицепремиер.
Груби на средбата ја истакна посветеноста на Владата на стратешките цели – почитувањето на Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор.
Груби и Ангелов, како што се наведува во соопштението, се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Македонија и Бугарија поставија одлични основи за добра соработка меѓу двете земји.