Како соопшти неговиот кабинет, Груби во Приштина ќе има средба со лидерите на тамошните политички партии, Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај, како и со претседателот на здружението „Балкански сираци“, Халил Кастрати.
Тема на разговор на состаноците ќе биде процесот на Пописот во Македонија.