Од кабинетот на Груби соопштија дека посетата е во рамки на зелената агенда. Вицепремиерот, како што се соопштува, заедно со градоначалникот на Струга и со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, ќе изврши увид на платформите на овој дел од Охридското Езеро.
Зелената агенда, која неодамна ја најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, наиде на резерва кај дел од јавноста, поради тоа што кадри на оваа партија со години наназад се на чело на Министерството за животна средина, додека дел од општините под контрола на интегративците постојано се соочуваат со големи еколошки проблеми.