Во оваа пригода, Груби рече дека Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.
Првиот вицепремиер Груби пред присутните исто така рече дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.
Груби ги покани лидерите на соседните земји но и пошироко да го користат овој уникатен договор со цел надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.
Охрид длабоко ја трансформираше Северна Македонија и останува наша sвезда водилка кон иднината. Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот Договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот Договор. Оваа е причината зошто ги охрабрувам, особено нашите пријатели од регионот да го користат како пример Охридскиот и Преспанскиот Договор како примери за да пристапат смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и е гаранција за генерациите што доаѓаат. Еден лидер раководи, не дозволува да биде раководен, донесува одлуки за идните генерации, а не за следните избори. Јасно ми е и целосно сум свесен за одговорноста што сега ја носиме на нашите плеќи со цел да го заштитиме ова извонредно достигнување и да го поддржиме напредокот од изминатите 20 години, изјави Груби.