Подиум со автопатски линии, пулт со „10 д“ и Артан Груби со маичка со истата ознака. Вака изгледаше церемонијата за почнување на изградбата на Коридорот 10 д. Имаше поздрав на три јазици, па рече дека е среќен што денот ќе го сподели со присутните. На премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на поддршката за проектот за коридорите 8 и 10 д. Преку собранискиот претседател Талат Џафери им се заблагодари и на пратениците. Од пултот неколку минути имаше и низа други поздрави.
„Овој проект продолжува и сите влади, а следната секако ќе биде истата како оваа денеска, ќе го завршат овој проект, ќе ги пресечат лентите. Втората порака денеска ми е тоа што го гледате денеска во Собранието и тоа што Владата го направи е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, проектите и иднината на граѓаните. Ова мнозинство демонстрира што значи да се стави крај на блокадата. Од денес при изградба на вакви проекти упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај и на блокадата на нашето европско интегрирање“, рече Груби.
Груби рече дека тој е качен на возот, па ги покани и другите. Им рече: „Овој воз вози кон Брисел и никој не може да го сопре“.
На претходната церемонија Груби се појави со маичка „8“, што подоцна му ја подари на новинар.