Заедно ќе го продолжиме патот на успесите! Нека ни е честит Денот на независноста на нашата земја!, порача првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во честитката до граѓаните.
-Преминавме тешки времиња, низ годините имавме подеми и падови, но конечно успеавме да ги скршиме бариерите на поделби и предрасуди преку потпишувањето на Охридскиот договор кој го отвори поглавјето на мирен соживот и еднаквоста, се вели во честитката од Груби.
Груби пишува дека низ годините државата имала подеми и падови, но конечно успешно биле скршени бариерите на поделби и предрасуди преку потпишувањето на Охридскиот договор кој го отворил поглавјето на мирен соживот и еднаквоста.
-Потоа останавме решени во нашите стратешки цели за напредок и евроатланска интеграција. Нашата земја успеа да стане полноправна членка на НАТО. Почетокот на четвртата деценија на нашата независна држава не наоѓа со решени спорови со соседите и со почеток на преговорите за интеграција во Европската Унија, сосема поинаква слика, плод на посветеноста и заедничката работа, пишува тој.
Во честитката Груби посочува дека е време за рефлектирање на досегашните достигнувања и како што вели „ да останеме обединети со унапредување на процесот на интеграција со преземање на соодветните чекори во согласност со преговарачката рамка“.