Поранешниот прв вицепремиер во владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби е спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

– Лицето кое утринава беше приведено на граничниот премин Блаце од страна на полициски службeници е предадено кај нас. Приемот во затворот е извршен согласно сите процедури, потврдил за Курир директорот на затворот „Скопје“, Бобан Утковски.

Груби до овој момент во затворот не е посетен од адвокат.

Министерството за внатрешни работи потврди дека утринава во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ.