Вицепремиерот за политички систем Артан Груби најави дека уште денеска е можно владата да да ги проследи до Собранието францускиот предлог, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи, објави „Слободен печат“.
Груби потврди дека владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе ги проследи до Собранието. Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи владата за следните активности во одонос на целиот пакет.
Владата за денеска во 11 часот има закажано затворена седница.