Не спласнува тензијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. По жестоката кавга утрово меѓу Игор Јанушев и Талат Џафери во Собранието, сега со коментар се јави и Артан Груби кој е мета на многуте скандали кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ знае што е корупција и сакаат само поради тоа да дојдат на власт, ова денеска го истакна вицепремиерот Артан Груби на собраниската седница за пратенички прашања.
Како што додаде Груби кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие со воодушевување гледаат во, како што рече, нивните идоли – Никола Груевски и Сашо Мијалков.
„ВМРО ДПМНЕ е мајка, татко, дедо и баба на корупцијата. Лоповлук од прв до последен. Затоа знаат каде е медот да ги вметнат рачињата и бараат да дојдат на власт. Медот им е останат во мерак. Вие се крстите на Никола Груевски и Сашо Мијалков“, рече Груби.