Тринаесетгодишното девојче кое минатиот вторник беше силувано во јавниот тоалет на паркот Вила Белини во италијанскиот град Катанија, идентификувало двајца малолетни наводни сторители, соопшти во неделата полицијата.
Идентификацијата е извршена при процесот на постројување и идентификување на седуммина осомничени членови на бандата во американски стил, од кои сите се Египќани, соопшти полицијата, а јави италијанската агенција АНСА на англиски јазик.
Сепак, девојката не можела да ги идентификува другите петмина кои наводно биле во групата, велејќи дека не им ги гледала лицата и дека не сака да обвинува невини луѓе.
Меѓутоа, останатите пет ги идентификувал 17-годишното момче на девојката, кој наводно бил принуден да го гледа грозоморниот чин додека го држеле за да не може да реагира.
Еден член на групата, исто така, наводно, признал дека учествувал во чинот во источниот крајбрежен град Сицилија.
– Те молам, те молам, не ме повредувај, пушти ме – ги молела 13-годишната сторителите за време на злосторството, според она што наводно и го кажала на полицијата.