Групна крштевка на Тиквешко Езеро в сабота, е организирана со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополит Повардарски господин Агатангел, информираат од кавадаречкото архиерејско намесништво.
Сите оние возрасни лица, кои од различни причини до сега не се крстени, а сакаат да ја примат светата тајна Крштение и Миропомазание и да станат членови на Светата православна црква, можат да се пријават за крштевање во храмовите Свeта Петка и Свeти Димитрија во Кавадарци. Лицата кои ќе сакаат да ја примат Светата тајна крштение, потребно е да имаат и кум, кој е крстен. Христос е помеѓу нас! Е, и ќе биде!, соопштија од кавадаречкото архиерејско намесништво.