Компанијата Гугл соработува со креаторите на содржини, на да ги стави на црната листа сајтовите кои ги прекршуваат авторските права и пред алгоритмот на Гугл да ги индексира.
Оваа компанија е гигант во сегментот на пребарување и во последните десет години има отстрането шест милијарди УРЛ, поврзани со пиратски материјали.
Гугл редовно добива барања за отстранување на наводни пиратски сајтови и линкови. Компанијата ги одобрува барањата по внимателно разгледување на нивната валидност.
Досега Гугл има примено 6.006.830.816 барања за отстранување од 326.888 сопственици на авторски права. Од овој број одобрени се најголем дел.