Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е неопходно да се реформира Советот за безбедност на ОН и системот Бретон Вудс за да бидат релевантни за современите глобални политички и економски трендови.
Денешните глобални структури на управување го одразуваат вчерашниот свет. Тие главно беа создадени по Втората светска војна, кога со многу африкански земји сè уште владееле колонијални сили. Ова особено се однесува на Советот за безбедност на Обединетите нации и институциите на Бретон Вудс“, изјави Гутереш на самитот на БРИКС и во Јужноафриканската Република.
Тој нагласи дека мултилатералните институции мора да се реформираат за да останат универзални и да ја одразуваат денешната моќ и економска реалност, а не таа по Втората светска војна.
Во отсуство на таква реформа, фрагментацијата е неизбежна. Не можеме да си дозволиме свет со поделена глобална економија и финансиски систем со различни стратегии за технологија, вклучително и вештачка интелигенција, и со конфликтни безбедносни рамки“, нагласи Гутереш.
Тој изјави дека во Јоханесбург дошол со едноставна порака: во поделен свет преплавен од кризи, едноставно нема алтернатива за соработка.
Мораме итно да ја вратиме довербата и повторно да го оживееме мултилатерализмот за 21 век. Ова бара храброст за компромис за општото добро“, нагласи генералниот секретар на ОН.
Договорот Бретон Вудс е меѓународен договор постигнат на конференција на претставници на 44 земји одржана во средината на 1944 година во Бретон Вудс (во американската држава Њу Хемпшир), за решавање на повоените монетарни и финансиски проблеми. На конференцијата беа формирани Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународната банка за обнова и развој.