Денеска портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик изјави:
– Извршителите на ова злосторство мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Обединетите нации ќе продолжат да бидат со владата и народот на Хаити
Францускиот амбасадор во ОН, Никола Де Ривие, кој претседава со Советот за безбедност на ОН овој месец, рече дека Советот за безбедност најверојатно ќе се состане утре со цел подетално да се информира за атентатот врз Моиз.
– Сите знаевме дека политичката и безбедносната состојба на Хаити е чувствителна и тешка, но сега постои уште поголема опасност од порано, изјави ирската амбасадорка во ОН Џералдина Бајрни Нејсон.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд по средбата со нејзиниот колега, амбасадорот на Хаити во ОН рече дека „одговорните за овој грозоморен чин мора да бидат изведени пред лицето на правдата“