Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во својата најнова изјава констатира дека досега повеќе од три милиона лица ја напуштиле Украина, бегајќи од воениот конфликт .
– Повеќе од три милиона Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина. На Украинците очајно им треба мир. И луѓето ширум светот го бараат тоа. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна, напиша Гутереш на Твитер.
Најмногу Украинци, или над 1,8 милиона се заминати за Полска, а останатиот дел во соседните Словачка, Романија и Унгарија, како и во земјите од Западна Европа.