Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на престојот во Украина го посети градот Буча, каде по повлекувањето на руските војници беа убиени стотици цивили.
Гутереш ја повика Русија да соработува со Меѓународниот кривичен суд во истрагата за можни воени злосторства извршени за време на инвазијата врз Украина.
– Целосно го поддржувам Меѓународниот кривичен суд и ја повикувам Руската Федерација да се согласи да соработува со него. Зборувајќи за воените злосторства, не можеме да заборавиме дека најголемо злосторство е самата војна, истакна шефот на ОН за време на посетата на Буча во близина на Киев.