Денеска нема метеж на граничниот премин Табановце, лентите за влез и излез се отворени и нема поголеми задржувања. Патниците кои денеска влегуваат во државата, велат дека се враќаат за верските празници Велигден и Рамазан.
Според податоците на МВР, од петокот на 7 април од полноќ до денеска до 11 часот во државава влегле 22.686 македонски и 26.459 странски државјани. Во истиот период од државата излегле 24.468 македонски и 21.446 странски државјани.
Македонските државјани почнаа да се враќаат уште пред две недели за да ги поминат празниците во земјава.
Сепак, гужва од попладнево има на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава и влез во соседна Грција каде Македонците ќе ги поминат велигденските празници.