На Хаити доставени се повеќе од еден милион дози орални вакцини против колера, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Меѓународната координативна група на СЗО за набавка на вакцини обезбеди 1,17 милиони дози од вакцината Евихол, а се очекуваат уште 500.000 дози во следните неколку недели.
– Се надеваме дека оваа прва пратка ќе ја следат и други, и дека вакцината ќе биде достапна за сите ризични групи, изјави Лоре Адриен од Министерството за јавно здравје на Хаити.
СЗО најави дека вакцинирањето ќе започне во следните неколку дена, со приоритет на децата и доенчињата од најтешко погодените области. Колерата на Хаити повторно се појави на почетокот на октомври и досега има 280 жртви, од кои значителен број се деца.
Здравствената криза е предизвикана од недостиг на храна и чиста вода за пиење.