Хајдари: Не, не ВМРО не е против САД и Коридорот 8, кога пријавува корупција и други коруптивни и криминални скандали

Х
Македонија 25.04.2023. 10:11

Не, не, ВМРО не е против САД и Коридорот 8, кога пријавува корупција и други коруптивни и криминални скандали. Дури баш и ми се допаѓа кога пријавува корупциски скандали. Дај боже, што повеќе да имаме вакви ВМРО кое ќе ги пријавува коруптивните афери кај Албанците во власта…

Според ДУИ, ВМРО е добро само кога е во влада со ДУИ и заедно делат бизниси и се потсмеваат.
Точно три мандати ДУИ беше на власт со ВМРО кога се случија монтираните случаи МОНСТРУМ, АЛФА, тепање на ученици Албанци, Радишани, Палење дуќани и куќи на Албанци во Ѓорче Петров, Енциклопедија и учебници навредливи за Албанците… Добро ли беше тогаш ВМРО? Ја споделувавте ли „шегата“ со оваа партија? Мијалков го нарековте татко…

И сега ВМРО е против САД, ЕУ и Коридорот 8????
Не бе? На кого продавате прдежи?

Дај боже ВМРО до крај ги пријавува сите коруптивни афери и криминал меѓу владините функционери, макар тоа да е само кај Албанците, јас ќе го поддржувам до крај.

Според апсурдната логика на ДУИ, ВМРО е добро кога крадат заедно, а не е добро кога ги пријавува корупциските скандали на ДУИ?!!

Тука ми се чини дека нешто не оди логички!

Фејзи Хајдари, авторот е издавач на весникот Лајм


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст