Поранешниот министер за финансии и економист Џевдет Хајредини без влакна на јазикот ја искоментира реакцијата на Ковачевски кој го одбрани Груби со зборовите „Кој што сака може да прави во својата канцеларија“. Според Хајредини, Ковачевски и Груби така може да прават кога татко им ќе купи канцеларија, а се додека ние ги плаќаме како граѓани тоа е недозволиво.

Неговата реакција ја пренесуваме во продолжение.

Ковачевски: Кој што сака може да прави во својата канцеларија.
П.с
Дури и да можат, премиере, нe би требало да прават баш сè.
ххх
Кога татко ти ќе ти купи канцеларија, тогаш прави што сакаш, а се додека ние те плаќаме, барем обиди се да не тресеш глупости!
ххх
Лани по еден, годинава се случуваат по два скандали дневно., пишува Хајредини.