Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на изјавите на вицепремиерот Бојан Маричиќ според кој „ќе се направи сè до крајниот рок да бидат донесени уставните измени“ и дека власта ќе разговара со секој пратеник.
„Не ти се чини дека со оваа изјава, која, како папагал, скоро две години секој ден ја повторуваш, си станал досаден? Кажи еднаш да знаеме што е тоа ‘сè’ што ти ќе сториш“, вели Хајредини во објава на Фејсбук, а во друга прашува:.
„Кој си ти да разговараш со секој пратеник? Разговорот заврши во Собрание, имаше уште време за гласање.
Што ако никој не сака да разговара со тебе?
Во која нормална држава се ‘зборува’ ова?
Дали разговорот ќе биде јавен или таен?
Што ќе им понудите за возврат? – вели Хајредини во објавата.