Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика реакции со својот став за идентитетските прашања што ги тангираат Македонците. Во објава на социјалните мрежи, тој јасно порача дека одлуките за идентитетот, историјата и македонскиот јазик се исклучиво во рацете на македонскиот народ.

„Албанците треба да ја поддржат одлуката на Македонците за овие прашања“, напиша Хајредини, нагласувајќи ја важноста на почитувањето на волјата на мнозинството во однос на овие чувствителни теми. Неговиот коментар доаѓа во период на засилени дебати за националниот идентитет и предизвикува полемики меѓу јавноста и политичките кругови.

 

Извор: Plusinfo