Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, остро ја критикуваше Демократската унија за интеграција (ДУИ) поради неуспесите во инфраструктурата. Тој се осврна на немањето во 20 години власт никаква инвестиција на патниот правец што ја поврзува Македонија со Косово.
Тој тоа го обелодени со јавна реакција.
- „Никој не го саботираше Коридорот 8. ДУИ во текот на 20 години не изгради ниту 2 километри пат кон Косово“, напиша Хајредини.
На неговиот профил реакцијата ја напиша на албански јазик.