Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) беше цел на напад на хакери, кои украле доверливи документи, електронски адреси, текстуални пораки и аудиозаписи од разговори на највисокото раководство, јавија синоќа локалните медиуми.
Од РФЕФ посочија дека украдените информации многу веројатно анонимно им се понудени на шпанските медиуми.
– Се чини оти сè укажува на тоа дека информациите незаконски се украдени од компјутерите на претседателот и генералниот секретар, соопшти РФЕФ.
Случајот РФЕФ го пријавила во полиција, која почнала истрага.
РФЕФ додаде дека и пред неколку месеци биле цел на хакерски напад, по што била ангажирана специјализирана компанија, која го зголемиле нивото на безбедност, но очигледно недоволно за да спречи нови напади.