Интернет страната на Собранието била хакирана од напад од надвор, информираат собраниските служби. Веб страната не беше достапна извесно време за корисници. Од Собранието велат дека се работи за flood attack, односно напад од повеќе корисници. Тоа значи дека напаѓачите го поплавуваат серверот со сообраќај, за тој да не може да одговори на барањата.

„Информираме дека интернет страницата на Собранието е вратена во функција. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси, но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен“, информираа од Собрание.