Хамас тврди дека Израел ја погодил баптистичката болница Ал-Ахли Араби во центарот на градот Газа во воздушен напад.

Тие тврдат дека во нападот загинале најмалку 500 луѓе. Претходно, портпаролот на палестинското Министерство за здравство изјави дека во нападот што ја погоди болницата загинале меѓу 200 и 300 луѓе, но Хамас оттогаш го зголеми бројот на 500.

„Овој страшен колеж е злосторство за геноцид. Повеќето од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени. Нападот, исто така, ја разоткри американската и западната поддршка за оваа криминална окупација. Меѓународната заедница и арапските и исламските земји мора да ги преземат своите одговорности и да интервенираат веднаш, сега, а не утре, за да ја запрат ароганцијата на окупацијата и нејзината фашистичка армија и да ја повикаат на одговорност за геноцидот што го направи веќе единаесетти ден по ред во веќе блокиран простор“, соопшти Хамас.

Болницата била нападната без никакво претходно предупредување, јави катарската Ал Џезира.