Иако поради неправилностите во ДРС системот беше казнет и саботната спринт трка, со која се одреди стартниот поредок за денешната главна трка, ја стартуваше од 20 место, на истата се проби до петтото, но поради казната стартуваше дури како десетти. Ниту тоа не го спречи, па успеа да се пробие се до врвот на денешната трка.
Втор заврши лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен, кого Хамилтон го помина на 12 круга пред крајот. На третото место заврши тимскиот колега на Хамилтон, Ботас, а на четвртото место Перез од Ред Бул.
Така, на три трки до крајот Хамилтон го намали заостанувањето зад водечкиот Ферстапен на само 14 бода. Следната трка се вози веќе за една недела во Катар.