На граничниот премин Табановце за излез од државата има задржување од 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта, како што наведе АМСМ, се одвива непречено по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.