На 9 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца млади скопјани, С.С. (23) и М.З. (24), по пријава за нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Според информации од 4NEWS.mk, инцидентот се случил околу 20:00 часот и бил конфликт помеѓу приведените и група на лица составена од А.М. (40), Т.Д. (41) и М.Е. (45), кои исто така претходно биле присутни во објектот.

Од МВР информираат дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, а по завршувањето на истрагата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против инволвираните лица.