Попладнево главниот град остана без автобуси. Вработените во ЈСП известуваат дека немаат гориво, а тоа се должи на неплатените долгови кон добавувачот „Пуцко петрол“.

Низ градот возат само 25 автобуси кои се гас.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, за во петок (22 ноември) најави протест пред зградата на Град Скопје од 13.30 часот. Тој додаде дека протестот ќе биде мирен и ги повика сите граѓани, без разлика на етничката припадност, да се приклучат, бидејќи проблемот со јавниот превоз го засега целиот град.